Модриќ го расплака Бобан: Ми беше идол и инспирација

Најдобриот играч во светот за 2018 година, хрватскиот репрезентативец од Реал Мадрид, Лука Модриќ, со емотивен говор се заблагодари за големото признание. Еден дел од обраќањето посвети на Звонимир Бобан,  кој му бил идол во фудбалската кариера и го инспирирал да сонува за големи работи.

„Би сакал да го споменам мојот идол. Капитенот на хрватската репрезентација која во 1998 година направи историски успех и не мотивираше. Сега ние се надеваме дека ќе бидеме инспирација за следните генерации. Секој може да биде најдобaр. Со напорна работа, верба и посветеност, сите соништа можат да се остварат“ – рече Модриќ кој во говорот ги спомена и ривалите за наградата Роналдо и Салах, а им се заблагодари и на сoиграчите од хрватската репрезентација и од Реал Мадрид.

Модриќ зборуваше и на шпански и на хрватски јазик, искажувајки им благодарност на навивачите и на „кралскиот клуб“ и на сонародниците кои веруваа во „коцкестите“ за време на Светското првенство во Русија.

 

Се вчитува...