Италијанскиот новинар Паоло Баргиџи предизвика бурни реакции во италијанската јавност со контроверзна изјава за постарите фудбалери кои настапуваат во најелитното италијанско фудбалско првенство.
Баргиџи за пример ги зема Лука Модриќ, Един Џеко и Џејми Варди, искусни фудбалери во поодминати фудбалски години кои добиваат место на теренот пред младите таленти.
„Модриќ во Милан, Џеко, Варди… Готови играчи. Кој ќе плати да гледа? Серија А е „гробишта за слонови. Го ангажираа Ричи за 25 милиони и играш со некој кој има 40 години?“, се запраша италијанскиот новинар.
Неговата изјава предизвика бурни реакции во италијанската фудбалска јавност особено со фактот дека Модриќ во моментот е еден од најдобрите фудбалери во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

