Модриќ и по Лигата на нации ќе игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модирќ и понатаму ќе го носи дресот на националниот тим. Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид ќе продолжи да настапува за хрватската репрезентација и по крајот на завршниот турнир од Лигата на нации во јуни, ќе се најде и на списокот на играчи за квалификациите за ЕП 2024.

Ваквиот став на Модриќ се толкува дека би сакал да биде во тимот за ЕП, за кое Хвртаска допрва треба да избори место. Модриќ на неодамнешното Светско првенство во Катар со Хрватска освои бронза, а пред почетокот на Мундијалот најави дека ова натпреварување ќе му биде последно во репрезентацијата.

Досега за Хрватска има настапувано на седум големи натпреварувања, а првпат настапи Светското првенство во Германија во 2006 година. Настапуваше на Европските првенства во 2008, 2012 и 2016 година, како и на СП во 2014 и 2018 година.

Најголемиот успех го доживеа на Светското првенство во 2018 година, кога ја одведе Хрватска до финалето, каде загуби од Франција. Таа година беше прогласен за најдобар играч на светот. Дресот на Хвртаска го носеше 162 пати и постигна 23 гола.

Се вчитува...