Модриќ искрен: Успехот на Хрватска е се, само не нормален

Хрватска го продолжи континуитетот од настапи на големите натпреварувања откако „коцкестите“ обезбедија пласман и на СП 2026.

Лука Модриќ е лидерот и на оваа генерација, дуелот со Фарските Острови му беше 193. во репрезентативната кариера, по што тој се осврна на одличниот успех на Хрватска.

„Горд сум и среќен поради се што остваривме со репрезентацијата. Сите овие настапи, тоа е нешто неверојатно. Луѓето мислат дека е нормално да си присутен на секое светско или европско првенство, но тоа е се само не нормално. Премногу ги земаме работите здраво за готово, но луѓето не разбираат колку е тешко да имаш константни успеси во модерниот фудбал“, изјави Модриќ.

Хрватска последен пат не играла на еден мундијал во Јужна Африка во 2010 година, а последен пат не беше дел од едно ЕП во 2000 година.

Се вчитува...