Модриќ итно повикан на состанок на кој му е соопштено дека ќе биде резерва на тинејџер во Реал

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ бил итно повикан на состанок во Реал Мадрид на кој му е соопштено дека во иднина ќе биде резерва на тинејџер во клубот, пренесува „Марка“.

На состанокот во клубот, 37-годишниот Модриќ добил информации дека останува во Реал и по крајот на договорот кој му завршува за 41 ден, чие продолжување уште не го потпишал под претходно веќе договорените услови, но дека ќе се промени неговиот статус во тимот.

Модриќ, всушност, дознал дека ако сака да остане во Реал мора да знае дека ќе биде резерва на 19-годишниот Џуд Белингам кого „кралевите“ го носат во овој преоден рок со намера да биде новиот носител на играта на тимот.

Прашање на ден е само кога Борусија Дортмунд и Реал Мадрид официјално ќе го обелоденат трансферот на 19-годишниот Белигам кој во Мадрид ќе пристигне со исплатена отштета од 120 милиони евра, што ќе го направи најскап играч во историјата на клубот.

Сепак, шпанските медиуми наведуваат дека тоа што Реал го договорил Белингам не ги менува плановите на клубот за продолжување на договорот со Модриќ и Крос, но за Хрватот треба да биде јасно дека сега ќе биде во втор план во тимот.

Се вчитува...