Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ е многу блиску до трансфер во италијанскиот калчолигаш Милан, тврди весникот „Газета дело спорт“. Тој е изоставен од списокот на тренерот Зинедин Зидан за денешниот пријателски натпревар меѓу Салцбург и Реал Мадрид. Официјалниот став на клубот е дека Модриќ има повреда на мускулот, но повеќе од јасно е дека тој се подготвува за трансфер на „Сан Сиро“.
Пред неколку седмици неговиот сонародник Звонимир Бобан беше во Мадрид и ја разгледуваше опцијата да го доведе во Милан ова лето. Најверојатно дека зделката ќе биде и склучена во наредните неколку дена. Најдобриот светски фудбалер за 2018 година заработува 12 милиони евра по сезона во Реал Мадрид и тоа досега беше пречка при преговорите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА