Модриќ изведе чудо за овација на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Лука Модриќ одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Реал Мадрид. Хрватот по три натпревари на клупата се најде меѓу почетната постава и довербата на Анчелоти ја искористи на фантастичен начин предводејќи го својот тим до победа од 4-0.

Хрватот не забележа гол ни асистениција, но доби најголема оцена за настапот па беше прогласен и за играч на натпреварот. Искусниот фудбалер имаше осум клучни додавања, две креирани големи шанси и седум од осум добиени дуели. Притоа импресираше и со потези за што доби овации од навивачите.

 

Модриќ беше тема на разговор и за Карло Анчелоти по крајот на натпреварот, а италијанскиот стратег имаше пофални зборови.

„Модриќ одигра врвен натпревар. Морам да ви кажам, навивачите не му ракоплескаат поради тоа што мислат дека ова се неговите последни натпревари во Реал, туку поради неговата игра“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...