Веќе нема никакви дилеми, Лука Модриќ ќе ги брани боите на Милан во следната натпреварувачка сезона откако хрватскиот генијалец ја прифати понудата на италијанскиот гигант.
Модриќ во последните 48 часа часа преговараше со новиот директор на „росонерите“, Игли Таре, а според „Газета дело спорт“, биил постигнат и конечен договор. Хрватот ќе потпише едногодишен договор, за плата од 3,5 милиони евра плус бонуси.
Договорено е Модриќ во следните денови да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор, се да биде завршено пред неговиот настап за Реал Мадрид на претстојниот клупски мундијал. Дури по завршувањето на овој шампионат, Модриќ по краток одмор ќе се приклучи на подготовките на италијанскиот гигант и ќе му се стави на располагање на тренерот Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

