Екипата на Милан има план да го продолжи договорот со хрватскиот играч од средниот ред, ветеранот Лука Модриќ на уште една сезона. Хрватот ова лето се приклучи на „росонерите“ и со неговите настапи ги импресионираше сите во редовите на италијанскиот тим.
Договорот важи до 30 јуни, но има клаузула со која може автоматски да се продолжи на уште една, а „црвено-црните“ веќе размислуваат да ја активираат. Според „Газета“, одлуката ќе биде донесена во следните неколку месеци.
40-годишниот фудбалер ги одигра сите 11 натпревари во Серија „А“, и беше заменет само двапати. Милан се восхитува на неговите настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

