Атмосферата во редовите на Милан не е најдобра, откриваат италијанските медиуми. Веќе е јасно дека двете најголеми ѕвезди, Кристијан Пулишиќ и Рафаел Леао се во конфликт.
Двојката не ни разговара, дури и не се ракуваат на тренинзите, а тоа дополнително се одразува и на играта на теренот.
„Тие не разговараат, дури и не сакаат да се ракуваат, мора да го поправиме тоа“, рече тренерот на Милан, Масимилијано Алегри.
Во целата приказна е вклучен и Лука Модриќ, кој ќе се обиде да ја смири соблекувалната на „росонерите“ со своето искуство и знаење.
Модриќ и Алегри имаат задача да ги помират Лео и Пулишиќ, пишуваат Италијанците.
Наводно, имало и расправија во соблекувалната меѓу спомнатите фудбалери, а деталите се кријат од јавноста. Како и да е, очигледно е дека атмосферата во Милан не е на ниво.
Се чинеше дека победата во дербито против Интер го подобри расположението, но тоа не беше случај.
По поразот во Рим од Лацио, за „росонерите“ има нови проблеми токму во моментот кога сезоната влегува во својот одлучувачки дел. Масимилијано Алегри не сакаше многу да зборува на оваа тема на прес-конференцијата.
„Ќе се обидеме да ги натераме да си подадат рака“, рече Алегри.
Милан го пречекува Торино во следното коло од Серија А на Сан Сиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

