Модриќ конечно доби шанса… и се повреди

Лука Модриќ изненадувачки ги мина првите неколку месеци од сезоната на Реал Мадрид почнувајќи ги речиси сите натпревари на клупата за резерви. Повредите на Чуамени и Камавинга придонесоа тој конечно да се појави како стартер на гостувањето против Кадиз, хрватскиот ветеран одигра извонредно во првото полувреме, но потоа мораше да биде заменет кон средината на вториот дел.

Карло Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот обелодени дека Хрватот самиот побарал замена, жалејќи се на болка во мускулот.

„Модриќ беше одличен, особено ако се знае дека играше нешто подефанзивно, на позиција на која многу ретко се барале одредени одбранбени задачи од него низ кариерата. Моравме да го повлечеме, се пожали на повреда. Лично, се надевам дека е само преотповарување на бицепсот на ногата, но лекарските прегледи ќе покажат за што станува збор“, изјави Анчелоти по мечот.

Реал Мадрид в среда ќе го пречека Наполи во дерби дуелот од Лигата на Шампионите, по што следниот викенд ќе следи и домашен меч со Гранада во рамките на Примера дивизион.

Се вчитува...