Модриќ: Ливерпул – Реал Мадрид е најдобриот натпревар за фудбалските фанови

Репризата на минатогодишното финале во Лигата на Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул оваа сезона ќе ја имаме уште во осминафиналето. Првиот натпревар од двомечот е закажан за во вторник од 21 часот во Англија.

Со пресрет натпреварот за очекувањата говореше Лука Модриќ кој вели дека овој натпревар е еден од најдобрите кои можат да им бидат понудени на фудбалските фанови, но жали дека истиот ќе биде одиграно рано во елиминациската фаза.

„Изненаден сум колку Ливерпул е далеку од првото место. До душа и тие можат да го кажат истото за нас. Со оглед на екипата која ја имаат верувам дека во секој момент можат да се подигнат и да се вратат. Се надевам дека формата нема да ја најдат токму во натпреварот против нас. Ливерпул – Реал Мадрид е еден од најдобрите натпревари кои можат да и бидат понудени на фудбалските фанови и само штета е што се среќавме толку рано во сезоната. Мислам дека сме фаворити и добро е што вториот натпревар го играме дома. Ливерпул ќе бара одмазда за претходните порази, но подготвени сме и веруваме дека ќе продолжиме понатаму“, изјави Модриќ.

Се вчитува...