Италија како второпласирана од групата „Б“ се пласираше во осминафиналето од Европското првенство во Германија откако во супердраматичен натпревар успеа да стигне до реми против Хрватска со гол во 98. минута од средбата.
Херојот на Италијанците беше Матија Закањи кој во судиското продолжение стрелаше од шестнаестникот за умешен гол и големо славје на Италијанците. Стрелец на голот за Хрватска, беше Лука Модриќ кој по мечот беше видно разочаран…
„Не знам што да кажам. Не знам каде судијата најде осум минути за продолжување. Им благодарам на навивачите, секогаш се со нас. Теоретски можеме да поминеме, но никогаш ништо не ни се поклопувало. Еве и тука со Албанија без победа остануваме во 95. минута, сега во 98. На наша кожа се докажа дека фудбалот е суров. Ќе видиме дали е време да се збогувам, сега не е време за тоа“, изјави Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА