Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Лука Модриќ е убеден дека неговиот соиграч Килијан Мбапе неколку пати ќе ја освои Златната топка.
Хрватот истакнува дека ако продолжи во ист стил, Мбапе ќе биде следниот владетел на светскиот фудбал.
„Тој е неверојатно талентиран, еден од најдобрите што сум ги видел. Тој е прекрасен. Нека продолжи да го прави тоа што го прави, нека продолжи да му помага на Реал Мадрид да освојува титули, а сигурен сум дека во иднина ќе биде еден од фаворитите да освои не една, туку неколку Златни топки“, изјави играчот за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА