Лука Модриќ можеби е на самиот залез на кариерата, но неговиот трансфер во Милан предизвика „земјотрес“ во фудбалска Италија.
Јавноста на Апенинскиот полуостров е едногласна дека хрватскиот генијалец и на 40-годишна возраст ќе донесе многу за Калчо-лигата, а легендарниот напаѓач Кристијан Виери не штедеше комплименти за легендарниот плејмејкер на Реал Мадрид.
„Браво за Милан што ја искористи укажаната шанса и успеа да го убеди Модриќ да потпише договор. Возраста не е проблем, во италијанската „Серија А“ Лука и играчи од неговата класа можат да доминираат играјќи и со цигара во устата. Неговиот трансфер е полн погодок за Милан, тој ќе им го покаже на помладите играчи најдобриот пат за да станат вистински фудбалери. Не се сомневам дека со Лука во тимот ќе се крене професионализмот во Милан, но и менталната сила на целата екипа“, истакна Виери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

