Ерата на Лука Модриќ во Реал Мадрид завршува ова лето, пренесува доброупатниот шпански медиум „Ел Чирингуито“. Хрватскиот фудбалски магионичар на стартот на сезоната ја продолжи соработката за една сезона, но не успеа да ја пренесе и врвната форма па поголем дел од натпреварите ги поминува покрај теренот отколку настапувајќи на него.
Триесетиосумгодишникот заминува, а овој шпански медиум го открива и наследникот на популарната „десетка“. Покрај Модриќ во Реал Мадрид истата низ годините ја носеа Сидорф, Фиго, Робињо…, а од Хрватот ќе ја наследи Килијан Мбапе.
Францускиот голгетер е желба на „кралскиот тим“ веќе подолго време. Постоеше можност за негова преселба на „Сантијаго Бернабеу“ и изминатото лето, но откако таа пропадна, голема е веројатноста дека преселбата во главниот град на Шпанија ќе биде како слободен играч во јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

