Реал Мадрид ја продолжи битката за 15. шампионска титула во Лигата на Шампионите откако во драматичното четвртфинале против Манчестер Сити славеше по изведување на пенали.
Еден од оние кои шутираа во рулетот беше и Лука Модриќ, а и покрај тоа што 38-годишникот го промаши својот обид наиде на голема поддршка од шпанските медиуми. Еден од нив е и популарниот „Football Espania“ кој најавувајќи го полуфиналето против Баерн Минхен вели дека Хрватот може да биде клучен играч во целта кон освојување на титулата.
„Тој е легенда на Реал Мадрид, клучен за успехот и победата која е на видик на Лос Блканкос. Најдолговечниот ветеран во клубот, капитенот на Хрватска, беше дел од пет шампионски сезони на Реал Мадрид во ЛШ, што значи дека сега е повеќе потребен од било кога. Играчот за врска има 38 години, а сигурно нема знаци дека успорува или дека не може да помогне во походот кон петнаесеттиот трофеј“, пишуваат Шпанците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА