Во изминатите неколку дена, целиот фокус беше ставен кон Ал Наср и трансферот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо. Португалецот иако негираше, сепак, на крајот се пресели во Ал Наср каде што ќе стане најплатениот спортист во моментов.
Меѓутоа овој тим не сакаше да застане само Роналдо, па наводно испратил понуда и за Лука Модриќ, поранешниот соиграч од Реал на Португалецот.
Меѓутоа Хрватот ја одбил можноста да замине во Саудиска Арабија, и со тоа дава до знаење дека останува во Реал Мадрид. Играчот од средниот ред има договор уште шест месеци, но од таборот на „кралевите“ има најава дека истиот ќе му биде продолжен, со што најверојатно Модриќ ќе ја заврши кариерата на „Бернабе“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

