Модриќ не мрда од Мадрид: Добива нов едногодишен договор

Лука Модриќ ова лето ќе наполни 40 години, но и покрај тоа игра на извонредно ниво, имајќи голем придонес во лимитираната минутажа во Реал Мадрид. Клубот се уште го смета Хрватот за корисен на теренот, а и непроценлив за соблекувалната па неговиот договор ќе биде продолжен, објавуваат шпанските медиуми.

Реал Марид стои зад праксата да не дава повеќегодишни договори на постари фудбалери, туку да одлучува за нивната корисност на крајот на сезоната. Така Модриќ изминатото лето доби нов едногодишен договор што ќе биде случајот и ова лето.

Нов договор ќе значи 14-та сезона за Модриќ во славниот шпански клуб со кој освои се што можеше да се освои.

Се вчитува...