Модриќ не запира: Се надевам дека сега луѓето ќе престанат да ми ги споменуваат годините

Лука Модриќ, хрватскиот фудбалерски магионичар продолжува да испишува историја откако го запиша првиот гол на официјален натпревар за Милан постигнувајќи го единствениот гол во презначајната победа над Болоња.

Со овој гол Хрватот кој неодамна го прослави својот 40. роденден се запиша меѓу само пет фудбалери кои во историјата успеале да постигнат гол во елитниот италијански фудбал во петтата деценија од животот.

„Беше одличен начин да прославиме. Победивме, што е најважно, а сега мора да се фокусираме на следните натпревари.

Се надевам дека луѓето повеќе нема да ги споменуваат моите години. Беше добар потег, Але ми даде одлична топка и лесно постигнав гол, повеќе беше негова асистенција отколку мое завршување. Мислам дека целиот тим се бореше добро, натпревар по натпревар, сигурен сум дека ќе бидеме посигурни, а кога играчите ќе се вратат, кога подобро ќе се запознаеме, ќе бидеме подобри“, изјави Модриќ.

Се вчитува...