Модриќ: Нека дојде кој сака во осминафиналето

Хрватска ремизираше без голови против Белгија во натпревар во кој „коцкестите“ умешно се бранеа, а на своја страна го имаа и Ромелу Лукаку кој со неверојатните промашувања не успеа да ја доведе својата репрезентација во предност за на крајот да го потврди пласманот на поранешната југословенска држава во осминафиналето од Светското првенство во Катар.

Најдобриот хрватски фудбалер, Лука Модриќ не го криеше задоволството од пласманот во нокаут-фазата, а додаде дека неговиот тим има квалитет за натпреварување против било кого во следната фаза.

„Пресреќни сме што сме во осминафиналето. Мислам дека заслуживме поготово за играта во последните два натпревара. Денска бевме добри, имаше моменти кога тешко живеевме, но тоа е бидејќи игравме против страшна екипа. Можевме и да го решиме натпреварoт, но добро. Важно е дека оставивме се од себе на теренот, од првиот до последниот играч. Ја остваривме зацртаната цел, да ја поминеме групата, а сега одиме понатаму. Покажавме дека сме врвна екипа и дека можеме да играме против било кого, било кој и да го имаме за противник во осминафиналето“, изјави Модриќ.

Се вчитува...