Лука Модриќ важи за вистински лидер, играч кој речиси никогаш не ја бара вината во арбитражата на натпреварите на неговите екипи или репрезентацијата.
Сепак, хрватскиот капитен гласно проговори против Италијанецот Орсато, кого го посочи како главен виновник за убедливиот пораз од Агентина во полуфиналето од СП.
„Знаете декаа немам навика да зборувам за судењето, но овојпат чувствувам дека морам, Орсато дефинитивно е еден од најлошите судии што ги имам видено. Првиот гол не беше пенал… најпрвин требаше да има корнер за нас, судијата реши да не го види, а потоа досуди непостоечки пенал. Дотогаш се беше во ред, имавме контрола, не бевме опасни кон противничкиот гол, но го контролиравме темпото онака како што нам ни одговараше. А тогаш следеше оној пенал,па такво нешто не се суди на полуфинале од СП. Воопшто не сакам да ја намалам победата на Аргентина, која е заслужена, но мора да се потенцира она што беше очигледно, слабата арбитажа на Орсато“, изјави Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА