Лука Модриќ одговори на прозивките на Барселона која објави видео во кое се вели дека последната асистенција на хрватскиот фудбалски магионичар за Реал Мадрид е до фудбалерот на каталонскиот клуб, Џулс Кунде во финалето на Купот на Кралот, грешка во 116. минута од средбата која беше пресудна за загубениот трофеј.
Според шпанските медиуми одговорот на прозивките на Барселона бил преку приватни пораки со Дани Карвахал, доскорешниот соиграч во Реал Мадрид.
„Освоив повеќе трофеи во Лигата на Шампионите отколку тие во целата историја. Не ми е галје што зборат“, бил одговорот на Модриќ кој зад своето име има шест шампионски титули, наспорти петте на Барселона во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

