Модриќ по поразителното реми со Пиза: Сами сме виновни што испуштивме два важни бодови

Лидерот на Серија А, Милан потфрли во 8. коло од италијанското пренство ремизирајќи со 2-2 против Пиза која со само четири освоени бодови се бори за опстанок на стартот на сезоната.

Лука Модриќ, најискусниот во составот на „росонерите“ кој доби признание за најдобар фудбалер на натпреварот беше самокритичен по крајот на средбата на која се очекуваше сигурна победа на Милан.

„Очекувавме ваков натпревар, дојдоа со цел да се бранат и ни го отежнаа животот. Сами сме виновни што не победивме, не направивме доволно за да го добиеме натпреварот. Денеска испуштивме два важни бодови. Овие домашни натпревари, со цела почит кон Пиза, морате да ги добиете“, изјави Модриќ.

Се вчитува...