Хрватска ги заврши подготовките за Евро 2024 со триумф и на гостувањето кај Португалија. Хватите славеа со 1-2 благодарние на головите на Лука Модриќ и Анте Будумир, додека за Португалија мрежата ја затресе Диого Жота.
Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ по крајот на средбата не го криеше задоволството од победата на неговиот тим, а се осврна и кон иднината на хрватскиот фудбал.
„Одигравме многу добро и конечно ја победивме Португалија. Само нив не успеавме да ги победиме сите овие години. Можеме да бидеме задоволни од тоа како ја завршивме пробата. Одигравме добро, компактно, направивме се по планот. Оваа победа ќе ни даде самодоверба пред Европското првенство“, изјави Модриќ кој се осврна и кон иднината на репрезентацијата.
„Сите кои влегова во вториот дел од натпреварот покажаа дека со право се тука. Не треба никој поединечно да издвојувам. Покажаа високо ниво што е и потребно против една Португалија. Мораме да бидеме задоволни со кадарот. Тоа е иднината на Хрватска“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

