Модриќ: Прашање на време беше кога ќе одиграме доминантен натпревар

Капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ не го криеше задоволството од прикажаното на неговите соиграчи на средбата против Осасуна која великанот ја доби со 4-0 надминувајќи ги болните порази од Барселона и Милан.

Модриќ вели дека било само прашање на време кога Реал Мадрид ќе одигра доминантен натпревар со оглед на талентот во клубот.

„Ни беше потребна ваква победа. Одигравме добро и се надевам дека тоа ќе биде пресвртот во сезоната. Ние сме многу талентирани, сите сме во меѓусебен добар однос па прашање на време беше само кога ќе одигравме ваков натпревар“, изјави Хрватот.

Убедливата победа сепак остана во сенка на повредите на Родриго, Лукас Васкез и Едер Милитао. За последниот сезоната е завршена…

„Многу сме загрижени за него бидејќи само што се врати од една таква тешка повреда“, додаде Модриќ говорејќи за бразилскиот стопер.

Се вчитува...