Лука Модриќ одигра нов одличен натпревар за Милан предводејќи го својот тим до триумф над Пиза со 2-1.
Хрватот не го криеше задволството по триумфот изјавувајќи дека со нега Милан останува во игра за Скудетото.
Очекувано, Модриќ одново ги собира возвишките на фановите за кои вели дека се привиелгија.
„Важна победа за нас, не смеевме да си дозволиме да не победиме. Знаевме дека овие бодови се клучни за битката за титула и успеавме.
Малку се опуштивме во второто полувреме и не бевме доволно претпазливи поради што и постигнаа гол. Затоа го засиливме притисокот, тргнавме напред и го постигнавме тој толку важен гол. Среќни сме за победата. Секој натпревар во Серија А е тежок, мораме да продолжиме да работиме и да бидеме подобри“, изјави Модриќ кој се осврна и кон љубовта која ја добива од фановите.
„Привилегија е да ја слушнете таа песна. Им благодарам. Многу сум среќен што ја слушам“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

