Модриќ: Против Шкотска ќе докажеме дека тука ни е местото

Репрезентацијата на Хрватска не се прослави на отварањето на Европското првенство. Хрватите беа поразени во првиот натпревар од Англија со 1-0, а на дуелот со Словачка освоија само бод, благодарение на Перишиќ кој на отварањето на второто полувреме го изедначи резултатот на 1-1.

По натпреварот Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар играч на мечот, но беше задоволен од прикажаното на својот тим.

„Се надевавме на победа, но за жал не стигнавме до неа. Лошо го започнавме натпреварот, неогранизирано. Се вративме во вториот дел, но тоа не беше доволно. Сега мораме да победиме во последниот натпревар за да поминаме понатаму. Мислам дека тоа е добро бидејќи ќе докажеме дека местото ни е тука“, изјави Модриќ.

Натпреварот за одлука за Хрватите против Шкотска ќе биде одигран во вторник со почеток од 21 часот.

Се вчитува...