Лука Модриќ им го честиташе на фудбалерите на Манчестер сити заслужениот пласман во финалето од Лигата на Шампионите, откако „граѓаните“ во одличен меч го декласираа неговиот Реал Мадрид со 4-0.
Хрватот целосно се вклопи во сивилото на својот тим и беше заменет во второто полувреме, откако Реал во ниту еден момент не воспостави контрола над средината од теренот.
„Што се случи? Едноставно е, не бевме доволно добри. Сакавме да играме нешто поразлично, нешто подобро, но не успавме. Манчестер Сити беше супериорен, тоа се случи. Тоа е реалноста, домаќините беа многу подобри, мораме да го признаеме тоа и да им честитаме. Секогаш кога Реал Мадрид ќе загуби, тоа станува многу важна работа, следат бројни анализи и критики. Веќе се навикнавме, мораме да живееме со тоа, критиките нема да не закопаат нас како играчи ниту Реал како клуб, мораме да ги прифатиме по еден вака убедлив пораз. Јас се уште верувам во овој наш тим, знам дека оваа екипа може да им донесе уште многу радости на навивачите на Реал“, изјави Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

