Модриќ сака да игра за Хрватска на СП 2026

Лука Модриќ веќе има 39 години, но хрватскиот генијалец не планира наскоро да му каже збогум на фудбалот. Тој пред неколку месеци потпиша нов едногодишен договор со Реал Мадрид што истекува во јуни 2025,  но мадридскиот весник „Марка“ обелодени дека голема желба на Лука е тој во меѓувреме да потпише уште еден договор на една година со „кралевите“.

Целта е јасна, Модриќ да остане во најголемиот европски клуб до јуни 2026 година, кога со настап на следниот Мундијал и официјално ќе стави крај на неверојатната кариера.

Лука секогаш изјавуваше дека додека игра фудбал ќе биде на располагање на хрватската репрезентација, па така и сега на 39-годишна возраст тој е главен адут на селекторот Далиќ. Модриќ е со став дека настап на СП 2026 би бил идеален крај на неговата кариера, па за очекување е Флорентино Перез да му излезе во пресрет на неговото барање и да потпише нов едногодишен договор, ако се знае дека хрватскиот ветеран веќе се согласи на значително намалување на платата, одбивајќи далеку побогати понуди во изминатиот период.

Се вчитува...