Модриќ сака да остане во Мадрид, но Реал…

Реал Мадрид беше поразен во финалето на Купот на кралот, а во Мадрид тој резултат послужи како последен поттик за промени во пресрет на новата сезона.

Се зборува за заминување на тренерот Карло Анчелоти, кој најверојатно на клупата ќе биде заменет од Чаби Алонсо, како и за трансфери на играчи.

Како што пишуваат шпанските медиуми, ветераните Лука Модриќ и Лукас Васкез се на излезна врата од кралскиот клуб. Клубот по големи дилеми наводно донел конечна одлука и не планира продолжување на договорот со овие двајца фудбалери.

Васкез оваа сезона не се наметна како достојна замена за повредениот Дани Карвахал, додека мадриѓаните го заменуваат Модриќ пред се поради неговата возраст. Хрватот сака да остане и да игра на Светското клупско првенство летово, но се поверојатно е дека неговата ера во Реал е завршена.

Се вчитува...