Модриќ сакал да се пресмета со Лопетеги зошто го оставил на клупата за резерви?

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ е новиот проблем во соблекувалната на Реал Мадрид. Тој бурно реагирал на одлуката на тренерот Хулен Лопетеги да го остави на клупата за резерви на синоќешниот дуел од Ла Лига против Џирона, а евентуална физичка пресметка спречил капитенот Серхио Рамос.

Хрватот сакаше да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ и да направи трансфер во Интер ова лето, но претседателот Флорентино Перез го спречи тоа, барајќи од италијанскиот клуб да ја активира отштетната клаузула вредна 750 милиони евра доколку сака да го купи Модриќ. На крајот, работите се смирија со зголемување на годишната плата на одличниот играч за врска, но тој сега е во немилост на тренерот Лопетеги.

На мечот против Џирона во средниот ред на „кралевите“ шанса добија Крос, Кашемиро и Иско, а Лука Модриќ влезе во игра во второто полувреме.

Се вчитува...