Триесетипеттото коло од шпанското првенство носи ново „Ел класико“, овој пат со огромна важност во битката за титула со оглед на тоа што доколку победи Барселона, големиот ривал речиси ги губи шансите за титула, додека во спротивност Реал Мадрид ќе дојде на само бод од првата позиција.
Неделниот натпревар може да биде и од голема важност за Лука Модриќ кој доколку добие шанса на средбата ќе се изедначи со легендата на Барселона, Андрес Иниеста со 38 настапи на овие дерби натпревари.
Интересно, Модриќ е единствениот активен фудбалер на Реал Мадрид и Барселона кој е меѓу првите десет по бројот на настапи на „Ел класико“.
Повеќе настапи од Модриќ имаат само осум фудбалери: Бускетс (48), Рамос и Меси (45), Бензема (43), Генто, Санчиз и Чави (43), Пике (40) и Иниеста (38).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

