Модриќ се огласи по дебаклот од Барселона: Време е да ја подигнеш главата…

Реал Мадрид доживеа ретко виден дебакл откако во првиот „Ел класико“ сезонава загуби со убедливи 4-0 од Барселона и тоа на „Сантијаго Бернабеу“.

По средбата ниту еден фудбалер на славниот шпански клуб не го прокоментира поразот, а прв се огласи капитенот Лука Модриќ и тоа на социјалните мрежи. Хрватот сподели фотографија од средбата против најголемиот ривал со мотивациска порака за која брзо собра и над милион допаѓања.

„Време е да ја подигнеш главата, учиш, работиш и одиш напред. Имам целосна доверба во овој тим. Одиме, Мадрид“, напиша Модриќ.

Се вчитува...