Модриќ се огласи по продолжувањето на договорот со Реал Мадрид

Лука Модирќ и 12 сезона по ред ќе настапува за Реал Марид откако денеска официјално стави потпис за продолжување на соработката во европскиот гигант и за сезоната 2023/24.

Триесетиседумгодишниот капитен на хрватската репрезентација имаше опција да замине во Саудиска Арабија за 200 милиони евра по сезона, но одлучи да остане на добро познатото место. Со обивањето на саудиските милиони тој ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид и истите дополнително ги „разгоре“ со објава на социјалните мрежи на кои кратко напиша „Доме сладок доме“.

Се вчитува...