Херој на победата на Милан против Болоња во 3. коло од Серија А беше капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, кој го постигна единствениот гол (1-0). Тоа беше првиот гол на Модриќ во Милано, каде што дојде ова лето од Реал Мадрид.
Селемаекерс убаво ја смести топката во шеснаесетникот каде Модриќ истрча и од 15 метри прецизно ја насочи кон противничката мрежа за делириум на стадионот. Модриќ го одигра целиот натпревар за Милан.
Два дена по мечот Модриќ објави три фотографии од натпреварот против Болоња, со опис:
„Важна домашна победа. Среќен сум што го постигнав првиот гол за Милан“, напиша Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

