Најдобриот фудбалер во светот за 2018 година, Лука Модриќ се поднови со нова куќа. Ѕвздата на Реал одлучила да издвои 12 милиони евра за новата вила во Мадрид, пренесува шпанскиот „АС“.
Новиот дом на Модриќ е далеку полуксузен и поскап од претходниот. Има девет спални соби, салон за масажа, базен, сала за вежбање. Исто така вилата има и гаража во која истовремено може да бидат паркирани десет возила, а целиот имот е распостранет на 10.000 квадратни метри.
Фотографиите од новиот имот на Модриќ можете да ги погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА