Лука Модриќ се прости од Реал Мадрид како една од најголемите легенди на клубот. Во 13-те сезони поминати во кралскиот клуб ги освои сите можни трофеи, а со вкупно 28 титули стана играчот со најмногу трофеи во историјата на Реал.
Тој ги освои навивачите не само со успесите, туку и со играта и однесувањето на теренот. Неговата интелигенција во играта, извонредната техника, визија и квалитет го направија симбол на клубот повеќе од една деценија.
За Реал Мадрид одигра 597 натпревари, постигна 43 гола и забележа 95 асистенции. Освои дури шест Лига на шампиони, четири шампионски титули на Шпанија, два Купа на кралот, пет шпански Суперкупа, пет европски Суперкупа, пет титули на Светското клупско првенство и еден Интерконтинентален куп.
Модриќ на социјалните мрежи се прости од клубот.
„Мојот дом. Мојот дом засекогаш. Ова не е збогум, ова е довидување“, напиша Модриќ.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

