Модриќ се враќа во тимот на Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе биде значително засилен за гостувањето против Бетис претстојниот викенд откако Лука Модриќ ги надмина проблемите со повредата и му се стави на располагање на стручниот штаб.

Хрватскиот ветеран поради преоптоварување на мускулите ги пропушти последните две средби со Наполи и со Гранада, но повредата е веќе зад него и Модриќ ќе може да настапи против Бетис.

„Лука Модриќ го одработи поголемиот дел од тренингот со остатокот од екипата во средата. Се очекува тој да тренира со полна пареа во следните два дена и дефинитивно ќе патува со тимот за Севилја“, потврдија од медицинскиот тим на Реал Мадрид.

Хрватот сезонава настапи на 16 натпревари во дресот на Реал, при што има две аситенции зад своето име.

Се вчитува...