Хрватска славеше против Нигерија со 2-0 во првиот натпревар на Светското првенство во Русија, а Лука Модриќ од ФИФА го доби признанието за играч на натпреварот…
„Беше важно да отвориме со победа. Сега самодовербата е на повисоко ниво. Можеби изгледаше дека онака рутински доаѓаме до победата, но навистина беше тешко. Победивме квалитетен противник, триумф кој и тоа како ни е важен за продолжението на првенството“ – рече по мечот Модриќ кој сега играше на неговата природна позиција – во срцето на теренот.
„Во квалификациите играв како полушпиц, бев понапред… Сега селекторот ме врати таму каде што најдобро се чувствувам. Па, можеби се гледа сега тој ефект. Секако ќе играм секаде каде ќе ме постави, во зависност од натпреварот“ – вели Модриќ.
На 21. јуни сега Хрватска ја очекува дуелот со Аргентина…
„Тие се фаворити во групата. Но, ние сега сме во некоја предност. Аргентина мора да игра на победа поради ремито со Исланд, но и ние ги сакаме тие бодови“ – вели Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА