Модриќ си оди од Милан, постои само една дилема

Лука Модриќ дефинитивно нема да го продолжи својот престој во Милан, без оглед на желбите на управата на италијанскиот гигант да го задржи ветеранот на „Сан Сиро“ уште една година.

Хрватот прикажува партии за восхит, но остана разочаран откако му станало јасно дека со Милан нема шанси да се бори за трофеи, па нема намера да остане на „Сан Сиро“ по завршувањето на оваа сезона. „Росонерите“ имаат клаузула со која можат да го задржат хрватскиот плејмејкер уште една година, но договорот е таа да биде активирана само доколку таква желба постои и кај самиот фудбалер.

Според пишувањата на релевантниот весник „Газета дело спорт“, Модриќ веќе донел одлука да си замине од Милан, но кај ветеранот постои една дилема. Тој се уште размислува дали со настапот на СП 2026 да стави крај на блескавата кариера, или пак да игра уште една година. Доколку се случи втората опција, следен клуб на Лука ќе биде Динамо Загреб, хрватскиот фудбалски гигант во кој Модриќ ја почна блескавата кариера, па сега размислува да се врати токму на „Максимир“ за таму да му каже збогум на фудбалот.

Се вчитува...