Модриќ слета во Милано: Среќен сум што сум овде…

Навивачите на Милан имаат причина да бидат горди откако Лука Модриќ утрово слета во Милано, на лекарски прегледи пред и официјално да го стави својот потпис на договорот со „росонерите“.

За хрватскиот генијалец се интересираа и бројни клубови надвор од Европа, но 39-годишниот Модриќ одби далеку подобри финансиски услови за да си го исполни сонот од детството – барем една сезона да го облече дресот на италијанскиот фудбалски гигант.

„Среќен сум што сум овде, со нетрпение ги очекувам новите предизвици. Ќе имаме можност за подолги разговори во иднина“, краток беше Модриќ по слетувањето во Милано.

Хрватот најпрвин ќе ги мине лекарските прегледи, а потоа и официјално ќе потпише едногодишен договор со Милан, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

Се вчитува...