Фудбалерите на Реал Мадрид го забележаа вториот последователен пораз откако по дебаклот од Барселона на првото вечно шпанско дерби сезонава беа поразени и од Милан во Лигата на Шампиони.
Двата убедливи порази го активираа алармот во Мадрид, но капитенот Лука Модриќ ги смири старстите велејќи дека во 12 години поминати во клубот ова не е прв пат екипата да не го покажува целиот свој квалитет.
„Имаше моменти кога игравме добро, но ова не беше нашата најдобра претстава. Генерално, игравме лошо и Милан беше подобар. Не сме во криза. Тоа не е збор кој сакам да го користам. Овде сум 12 години и не е прв пат да видам вакво нешто. Нашиот квалитет во моментот не се изразува. Треба да работиме подобро како екипа, само така ќе ни биде полесно. Сигурен сум дека ќе се издигнеме“, изјави Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА