Модриќ со емотивна порака: Светот ни дава голема почит, Хрватска пред се!

По поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, на социјалните мрежи се огласи капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ.

Модриќ вчера играше до 80. минут. На хрватската репрезентација во сабота и претстои борба за бронза, а капитенот на „Огнените“ на Инстаграм објави:

„Светот ни дава голема почит по поразот. Нашите фанови се горди што се меѓу првите четири во светот. Како во Русија 2018, така и сега во Катар, јас сум горд капитен на репрезентацијата која уште еднаш ја покажа силата, заедништвото, храброста и карактерот на борците за нашата Хрватска! Тоа се вредности кои не можат да се променат кога е тешко. Тогаш тие се уште поважни! Во сабота гордо продолжуваме по тој пат! Хрватска пред се“, напиша Модриќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)

Се вчитува...