Модриќ со порака до младата ѕвезда: Не заминувај од Реал додека не те избркаат

Голема е веројатноста дека бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Родиго ова лето ќе го промени клубот со оглед на тоа што е прекуброен во составот по пристигнувањето на Килијан Мбапе.

Родриго не успеа да се наметне кај новиот тренер Чаби Алонсо па и самиот побара заминување, а за неговите услугите се заинтересирани Манчестер Сити, Арсенал и ПСЖ. Додека тој посакува да замине, доби интересен совет од страна на капитенот Лука Модриќ.

„Ќе биде грешка ако заминеш. Од Реал Мадрид мора да те избркаат. Не треба да заминеш сам, особено не поради конкуренцијата“, шпанските медиуми го откриваат советот на Модирќ.

 

Се вчитува...