Модриќ со првиот настап влезе во историјата на Серија „А“

Откако пристигна во Милан од редовите на Реал Мадрид, хрватскиот интернационалец Лука Модриќ го имаше своето деби за екипата на „росонерите“ на вчерашниот меч со Кремонезе. Меѓутоа неговиот тим на домашен терен доживеа бламажа и загуби со 1-2.

Сепак, Лука Модриќ со својот прв настап влезе во историјата на италијанската Серија „А“. Со своите 39 години, тој стана настариот дебитант во ова натпреварување во историјата. Модриќ влезе во игра во вториот дел на резултат 1-1, меѓутоа неговиот тим на крајот ги разочара навивачите.

Модриќ, кој во септември ќе наполни 40 години, му се приклучи на Милан од Реал Мадрид како слободен агент, откако му истече договорот со „кралевите“.

Се вчитува...