Модриќ станува сопственик на клуб од Чемпионшип

Хрватскиот ас Лука Модриќ не намерува да замине од фудбалот по крајот на блескавата кариера. Тоа го потврдува последната инвестиција, купувајќи дел од акциите на велшкит клуб Свонси.

Свонси кој е формиран во 1912 година низ годините беше дел и од најелитниот фудбал на „Островот“, а во моментот се натпреварува со Чемпионшип, второто по ранг натпреварување во Англија.

Купувањето на дел од акциите во Свонси не ги променуваат плановите на Модриќ да остане во Реал Мадрид и следната година. Договорт на Хрватот истекува на крајот на сезоната, но тој се надева дека ќе му биде продолжена соработката и на 40-годишна возраст што многу ретко е пракса кога станува збор за овој шпански гигант.

Се вчитува...