На Атлетико Мадрид му беше поништен гол во пенал рулетот против Реал Мадрид, откако судијата го поништи пеналот на Хулијан Алварез поради двојно допирање на топката.
Ситуацијата која предизвика бројни реакции се случи во решавачкиот момент од играта, но правилата се јасни – откако Алварез го изведе пеналот, пред да влезе во мрежата, топката му се одби од ногата, што е недозволиво при изведување пенали.
Капитенот на Реал, Лука Модриќ ја коментираше ситуацијата, истакнувајќи дека не го разбира изненадувањето на јавноста:
„Ме прашуваат за тоа, но не знам зошто луѓето се изненадени, тоа е правило. Ние имавме среќа тие не. Тоа е фудбалот. Среќни сме што отидовме понатаму“, изјави Модриќ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА