Лука Модриќ продолжува со извонредните игри во дресот на Милан и на хрватската репрезентација, покажувајќи дека и во завршната фаза од кариерата игра на највисоко ново.
Модриќ ја предводеше Хрватска до уште еден мундијалски билет, ќе има можност да се збогува на најголемото светско натпреварување, а во меѓувреме големиот ас добива комплименти од сите страни. Последниот кој во максимални суперлативи говореше за Модриќ е црногорскиот селектор Мирко Вучиниќ.
Црна Гора е последниот ривал на Хрватска во овој квалификациски циклус, меч без преголемо значење бидејќи Хрватите секако се први, а Црногорците без шанси за бараж, па Вучиниќ дел од својата прес-конференција ја посвети на најголемата легенда на хрватскиот фудбал.
„Играме против селекција што е дел од самиот крем на светскиот и на европскиот фудбал. Тоа не е притисок врз нас, туку само мотив плус да дадеме се од себе против елитен противник, да се обидеме да го изненадиме и да го победиме. Предводени се од фантастичниот Модриќ, сите знаат дека Лука е голем шампион, дека трае неверојатно долго во светот на врвниот фудбал. Она што најмногу ме импресионира е неговата глава, колку е силен психолошки. Им објаснив на моите играчи, најлесно е да паднеш кога си на врвот. Модриќ треба да биде пример на сите фудбалери во светот, не само на хрватските и на црногорските“, изјави Вучиниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

