Милан е еден сериозен кандидат за титулата оваа сезона во Серија А, а улогата на Лука Модриќ во таа приказна е несомнена. Тој не е секогаш во центарот на вниманието, но речиси секогаш е во центарот на играта. Ваквите играчи често прават разлика кога сезоната ќе заврши.
Сепак, влијанието на Модриќ не завршува само на теренот. Според извештаите од Италија, хрватскиот играч од средниот ред активно учествува во планирањето на иднината на клубот, користејќи го своето огромно реноме во фудбалскиот свет.
Така, за евентуалното доаѓање на Серхио Рамос во Милан се зборува сè погласно. Модриќ наводно веќе го контактирал својот поранешен соиграч и голем пријател од деновите во Реал Мадрид, со идеја да ја продолжат својата успешна соработка во Италија.
Заедно, Модриќ и Рамос ја одбележаа ерата на Реал, освојувајќи бројни трофеи и градејќи однос базиран на доверба, победнички менталитет и врвен професионализам. Токму тоа се вредностите што Милан сака дополнително да ги зајакне во својата соблекувална.
Доаѓањето на Рамос, доколку се реализира, би го доближило Милан до Скудетото. Одбраната на Милан сигурно би била уште посилна, а планот е искусниот Шпанец да остане до крајот на сезоната, односно шест месеци.
Наводно, Рамос веќе се согласил. 39-годишникот е член на мексиканскиот Монтереј, но се повеќе се шпекулира за негово враќање во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

